6 строги правила што Илон Маск им ги поставува на неговите вработени
Илон Маск, основачот на PayPal, Hyperloop и OpenAI и озлогласениот извршен директор на SpaceX и Tesla Motors, е најбогатиот човек во историјата на светот. Неговото богатство се проценува на 300 милијарди долари.
Тој е, исто така, интересен човек со многу идеи кои му се вртат во главата, особено кога станува збор за ефикасно водење на компанија.
Ова се некои од правилата што ги следат вработените на Илон Маск согласно неговите наредби:
Големите состаноци им го губат времето на луѓето
Прекумерните состаноци им прават штета на големите компании и речиси секогаш се влошуваат со текот на времето.
Кога станува збор за постигнување резултати и успеси, Маск не верува во комуникациска хиерархија доколку задачата може да се реши со здрав разум.
За него, големите состаноци се само губење на време и не му значат ништо.
Состаноците треба да бидат ретки, освен доколку не станува збор за нешто многу итно
Ослободете се од закажувањето на чести состаноци, освен доколку не се работи за некаква исклучително итна работа. Фреквенцијата на состаноци треба брзо да се намали штом ќе се реши итното прашање.
Маск смета дека ова правило е важно, бидејќи честите состаноци можат да го променат работниот тек и ритамот на работното место.
Според Business Insider, на вработените во Tesla не им било дозволено ниту да поминат покрај бирото на Маск бидејќи тоа би можело да им ја загрози нивната кариера.
Напуштете го состанокот доколку не придонесувате ништо
Напуштете го состанокот штом е очигледно дека не додавате никаква вредност на истиот. Не е грубо да си заминеш, грубо е да натераш некого да остане и да си го губи времето со тебе.
Според Маск, доколку седите упорно на состанокот, а не придонесувате кон истиот на никаков начин, тогаш ќе бидете укорени бидејќи тој го гледа тоа како губење време и енергија.
Не користете бесмислени зборови или корпоративен жаргон
„Не користете акроними или бесмислени зборови за предмети, софтвер или процеси во Тесла. Во принцип, сè што бара објаснување ја спречува комуникацијата. Не сакаме луѓето да мораат да запомнат речник само за да функционираат во Тесла“.
Маск верува дека користењето на општопознати зборови и едноставни реченици е соодветен начин за комуникација. Не обидувајте се да употребувате „големи“ зборови со луѓе кои не сакаат збунувачки и премногу технички зборови.
Комуницирајте директно и избегнувајте го синџирот на строга хиерархија
Главен извор на проблемите во една компанија е лошата комуникација помеѓу одделенијата. Ова може да се реши со слободен проток на информации помеѓу сите вработени.
Што значи дека доколку имате добра идеја, нема потреба да му ја пренесете на раководителот на одделението, со цел тој да му ја пренесе на раководителот на секторот, па тој на директорот, итн…
Едноставно отидете онаму каде што сметате дека идејата ќе биде слушната и прифатена, без страв од хиерархија.
На секој менаџер кој работел за Маск и се обидел да спроведе строг „синџир на командна комуникација“ му било кажано дека треба да си најде работа на друго место.
Следете ја логиката, а не правилата
Во принцип, секогаш изберете го здравиот разум како ваш водич. Ако следењето на „правилата на компанијата“ е очигледно смешно во одредена ситуација, тогаш правилото треба да се смени. Вака барем тврди Маск.
Ова правило може да делува малку збунувачки бидејќи вели дека не треба да ги почитувате правилата, туку да се водите по логиката и здравиот разум.
Иако ја зголемува конфузијата на моменти, Маск секогаш се обидува на работниците да им ја прикаже логичната страна на аргументот.
Тој во еден момент се обидел да отпушти работник поради синдикално организирање.
„Ништо не го спречува тимот на Тесла во нашата фабрика за автомобили да гласа за синдикатот. Тоа би можеле да го сторат сите ако сакаат. Но, зошто да плаќате синдикални такси и да се откажете од опциите за акции во замена за ништо?“